Морската диета вклучува главно риба и морски плодови. Со оваа диета која трае 3 седмици можете да ослабнете и до 10 килограми. Истовремено и желбата за секс се зголемува, бидејќи не е тајна дека морската храна е природен афродизијак.
Наутро може да се јаде, односно да се избере едно од ова: кисело млеко, овошје по избор, парче црн леб со малку сирење, шејк од банана, овесни јатки со јогурт.
Главното јадење е порција риба или други морски плодови на скара, заедно со зеленчук на пареа или свеж зеленчук.
Вечера: свежа салата, парче моцарела, грејпфрут и 400 мл зелен чај без шеќер, со малку мед. Исто така се препорачува и наутро да се пие истата количина зелен чај.