Што не прави секси во машките очи

popara1 април, 20121min00
s1

Секоја жена, независно како изгледа, може да биде сексапилна. Да не заборавиме, дека во очите на другите ние изгледаме така, како што се чувствуваме. Еве кои се факторите кои најсилно влијаат на мажите кога гледаат една жена:

Самоувереност – ова секогаш ќе биде број еден, независно каде се спроведува анкетата и каков маж одговара на прашањето. Кога една жена се сака самата себе, тоа се познава. Кога се сакаме себе си, зрачиме со енергија која делува на околината и тие се однесуваат со нас со респект, со внимание и се разбира со интерес. Запомнете – сакајте се сами себе и другите ќе ве сакаат.

Очите – колку и да сме убедени дека првата работа што ги интересира мажите се градите и задникот, вистината е дека на прво место се очите. Погледот на жената покажува толку многу, колку што зборовите не можат да кажат. По очите можеме да откриеме дали човекот до нас е наивен или порочен, уверен или несигурен, тажен или среќен, добар или лош.

Убава фигура – не велам слаба, полничка, ниска, висока – едноставно убава. Секој маж има посебен вкус, некој сакаат женствени облини, други сакаат високи и слаби жени. Па затоа не дозволувајте стереотипите да ви го промиваат мозокот, ако имате поголем задник, преполно е со мажи за кои тоа е вистински фетиш. Прашањето е дали сте задоволни од тоа што сте и дали тоа го демонстрирате со самодоверба или не.

Посветете време на себе – времето поминато во фризерски салон не е залудно. Звучи малку сексистички, но е вистина – да си жена значи да умееш да си жена. Не е убаво да се ослонуваме само на природната убавина, ако не се грижиме за неа и ако сме неблагодарни, таа ќе си отиде премногу брзо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag