Паѓал снег. Во зима тоа е сосема нормална појава. Времето било тивко и спокојно, немало ветар и белите нежни снегулки летале бавно низ воздухот постепено приближувајќи се кон земјата.
Две од снегулките, летајќи блиску една до друга, решиле да започнат разговор. Од страв да не се изгубат од поглед, тие се фатиле за раце и едната од нив весело рекла:
– Колку е убаво да се лета и да се насладуваш на слободата!
– Ние не летаме, ние едноставно паѓаме – тажно одговорила втората.
– Наскоро ќе се сретнеме со земјата и ќе се претвориме во бела прекрасна покривка!
– Не, ние летаме кон смртта, а на земјата само ќе не изгазат…
– Ќе станеме дел од поток кој ќе не однесе во морето. Ние ќе живееме вечно! – рекла првата.
– Не, ние ќе се стопиме и ќе исчезнеме засекогаш…одговорила втората.
Тие го завршиле својот разговор и ги пуштиле рацете една од друга.
И секоја од нив полетала кон судбината што сама си ја избрала…