Тој беше таков човек, каков што секој би посакал да биде. Секогаш добро расположен, секогаш имаше нешто позитивно да каже. Кога некој ќе го прашаше како е, тој секогаш одговараше: „Не може да биде подобро!“
Ако некој од неговите колеги беше во лошо расположение, тој секогаш се обидуваше да му ја покаже позитивната страна на ситуацијата.
Еднаш, го посетив тој човек и го прашав:
– Не разбирам…не е возможно да си позитивен постојано. Како успеваш?
Тој ми одговори:
– Секое утро се будам и си велам: Денес имаш две возможности: можеш да избираш дали ќе бидеш во добро или во лошо расположение. Избирам добро расположение.
Секогаш кога ќе ми се случи нешто непријатно, можам да изберам да се однесувам како жртва или да извлечам поука од тоа. Избирам поука. Секогаш кога некој ќе дојде да ми се пожали од животот, можам само да го сослушам и да се согласам со него, или да изберам да му ја покажам позитивната гледна точка.
– Да, се разбира, но тоа не е толку лесно, му одговирив јас. Напротив, лесно е, ми одговори тој. Се во животот е прашање на избор. Ако ги упростиш ситуациите, секоја ситуација се сведува на избор. Ти сам избираш како да реагираш во секоја ситуација , сам го избираш начинот, по кој другите делуваат на твојата душевна сосотојба, избираш дали да си во добро или во лошо расположение.
Накратко: сам избираш како да си го живееш животот.