Апликацијата “The Girls Around Me” користи податоци од Foursquare и Facebook за на сопствениците на телефонот автоматски да им прикаже каде во близина се наоѓа личност од женскиот пол.
Изворно е направена за Foursquare, кој ја блокираше откако беше критикуван поради нарушување на приватноста и можно загрозување на сигурноста на корисниците, пишува CNET.
Во руската компанија i-Free Innovations, чии програмери ја развиле спорната апликација, тврдат дека користеле само јавно достапни податоци и ги понудиле иститите функционалности како и бројните други апликации.
Истакнуваат дека апликацијата не дозволува анонимно користење, кој сака да ја користи мора да биде регистриран корисник на Foursquare и да се логира. Се што можете да направите со “The Girls Around Me”, е слично на гледањето на девојки низ излогот од кафулето. Приватни пораки можете да праќата само преку Facebook, а не на самата апликација.