Солитер на дрво!

popara3 април, 20121min00
1

Швајцарецот Хорас Бургес од рециклиран материјал на шест стебла за своето семејство изградил куќа која има 930 метри квадратни.

Хорас Бургес 11 години ја градел куќата на дрво, која има десет ката и 930 м2. Изградбата го чинела 12.000 долари.

Том Ветон кој ја фотографирал куќата ја нарекол импресивна градба.

„Ова е сон на секое дете. Кога ќе ја видите добивате желба да влезете во неа. Се држи на шест стебла, а Хорас користел 258.000 шајки за да ја изгради“, изјавил Ветон.

Бургес изјавил дека визијата за овој дом ја добил директно од Бога во 1993 година и од тогаш почнал да работи на неа.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma