Минатиот викенд, Алек Болдвин ја побара за жена својата речиси двојно помлада девојка, а Хилари Томас ја потврди веста. 28-годишнатаинструкторка по јога, гордо го истакна својот дијамантски прстен.
“Точно е. Алек ја побара за жена Хилари и сите ние сме многу среќни. Тој денес го слави својот роденден, па има уште една причина за славење”, изјави портпаролот на Болдвин.
Алек Болдвин, полни 54 години и после бракот со Ким Бесинџер, ова ќе биде неговиот втор брак.