Најстариот американец Шелби Херис од Индијана го прославил својот 111 роденден и изразил желба повторно да се ожени.
Херис кој е роден во 1901 година, ги надживеал своите две сопруги и три ќерки, но тврди дека е осамен и дека сака нова жена.
„Знаете би сакал уште две работи во животот. Прво да играм безбол и уште еднаш да се оженам. Само што почнав да живеам и имам намера да останам уште на нозе“, изјавил Херис.