ВИДЕО: Најстрашното торнадо во историјата на Алабама усмрти најмалку 61 лице

popara28 април, 20111min00
ВИДЕО: Најстрашното торнадо во историјата на Алабама усмрти најмалку 61 лице

Во торнадата и бурите во Алабама загинаа најмалку 61 лице, а вкупниот број на загинати од последиците од невремето, вклучувајќи ги и поплавите во изминатите денови, во јужно американските држави, се искачи на 77.

“Можам да потврдам дека најмалку 45 смртни случаи се поврзани со денешното невреме во Алабама“, изјавила портпаролката на агенцијата за управување со вонредни состојби Јасами Август.

Таа додала дека ова торнадо би можело да биде најлошото во историјата на Алабама.

Претседателот на САД Барак Обама прогласил вонредна состојба во Алабама и побарал да се испрати помош од другите држави.

Минатите денови голем број на бури ги погодија јужноамериканските држави усмртувајќи најмалку 77 лица. Пред две недели, во бурите кои го погодија појасот од Оклахома до Северна Каролина загинаа најмалку 47 лица.

Покрај бурите, големи проблеми предизвикуваат и поплавите. Неколку држави останале без електрична енергија а во Алабама поради бурите исклучени се три нуклеарки и 11 далеководи. Вонредна состојба е прогласена и во Арканзас и Тенеси и во 39 окрузи на Мисисипи.

Во Мисисипи во последните 24 часа загинале најмалку 11 лица, а исто толку загинале и во Арканзас, две во Луизијана и еден во Тенеси.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=9M_mcOL99qA

 

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag