Приватниот остров кој се наоѓа во Британските Девствени острови е повеќе од дестинација. Опкружен со прекрасни песочни плажи, корални гребени и тиркизна вода, овој остров е бегство од реалноста…во вистинска смисла !
Ако синоним за остров е површина кој е изолирана од „ остатокот од светот “, ова место е откинато парче рај, кое открива еден сосема нов свет, во кој нема место за грижи, а она што го нуди природата, не може да се опише со едноставни зборови.
Задоволството да се биде овде, го сочинува тропски луксуз искажан на перфектен начин. Оваа сопственост е достапна и за јавноста, во вид на преубав ресорт кој може да прими до 27 гости. Убавината не е димензионирана само преку материјалното. Целосната глорификација ова место ја достигнува и благодарение на богатата флора и фауна, карактеристична само за овие простори.
Погледнете ја следнава галерија и дозволете еден од најубавите приватни острови на светот да го „ стопи “ и Вашето срце !
One comment
vesna
5 април, 2012 at 17:23
prekrasen raj