Компанијата Skype, која од минатата година е во сопствеништво на Microsoft, најави дека отвара нови работни места, додека Yahoo, чии главни луѓе пред неколку години одбија понуда за аквизиција од страна на Microsoft, најавува нови отпуштања.
Skype планира да отвори околу 400 нови работни места во пет градови.
Од оваа компанија наведоа дека пред се бараат нови работници во Лондон и Стокхолм, пренесува BBC.
Нови места ќе бидат отворени и во Талин, Прага и Пало Алта во Калифорнија.
Од друга страна, компанијата Yahoo соопшти дека планира да укине 2.000 работни места, а не се исклучува ни можноста да дојде до нови отпуштања.
Skype во централен Лондон ќе отвори нов технолошки центар и со тоа бројот на вработени во тој град ќе биде зголемен за 40%, на 330 вработени.
Кога сите нови работни места ќе бидат пополнети, компанијата ширум светот ќе вработи 1.600 луѓе.