Холивудската актерка Џенифер Анистон признала дека е опседната со кожата и дека веројатно би била дерматолог ако не успеела во Холивуд.
Таа претходно потврди дека троши по 140.000 долари на разубавување. “Би сакала да бидам дерматолог, опседната сум со тоа. многу време трошам на интернет читајќи за нега на кожата”, вели Анистон.
Актерката навела и дека не се чувствува како навистина да има 43 години.
“Се чувствувам многу секси во фармерки, а и мојот дечко ме обожава во такво издание”, заклучила таа.