popara6 април, 20121min00

ЕВАНГЕЛИЕ
Ќе добиете добар совет.

ЕДЕН (БРОЈ)
Среќа.

ЕДИНАЕСЕТ (БРОЈ)
Среќа.

ЕДРИЛИЦА
Ве очекува голема радост.

ЕДРО
Ве очекува патување; ако е ново – несреќа на брод или болест на некое блиско лице; скинато едро – опасност.

ЕЖ

Среќа во фамилијата; ако го допирате – тешкотии; ако го убиете – ќе ги совладате непријателите.

ЕЗЕРО

Наследство; ако е матно – зло и губиток; ако се возите по мирно езеро – благосостојба; езеро полно со риби – благосостојба; разбрането езеро – успех.

ЕКСПЕДИЦИЈА

Ќе донесете некоја важна одлука.

ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ
Вашиот труд на крај ќе се исплати.

ЕКСПЛОЗИЈА
Непријатно изненадување; експлозија со оган – голем успех и добиток.

ЕЛЕКТРИЧА СТРУЈА
Среќа во љубовта.

ЕЛЕКТРИЧНО СВЕТЛО
Опасност.

ЕЛЕН
Кај жените – среќа; ако трча – успех во работата; ако убиете елен – губиток; многу елени – гости; елен без рогови – срамота; елен со многу големи рогови – ќе бидеш лут.

ЕЛКА
Гости.

ЕРЕБИЦА
Среќа во љубовта; гости; ако ловите еребица – некој се обидува да ве надмудри.

ЕРУПЦИЈА (НА ВУКАН)
Радосно изненадување.

ЕСЕН
Болест или смртен случај во фамилијата.

ЕСКИМ
Ако видите еским – некој ве лаже; ако сте вие еским – осаменост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag