ИВЕРИЦА
ќе вложувате залудни напори.
ИГЛА
жалост во срцето; ако се боцнете – ќе направите лошо дело / немате чиста совест; ако најдете игла – кавга; ако ја изгубите – разделба со некои пријатели; ако ставате конец во игла – ќе се најдете во ситуација во која би било подобро да ја зборувате вистината; шиење со игла – непријатности; повеќе игли – голема кавга; ако скршите игла – жалост.
ИГРА
ако играте со топка – жалост; ако играте со карти – непријатности; ако се коцкате – загуба; ако играте со влог – љубовна авантура.
ИГРАЧКА
новороденче во семејството; ако си играте со играчки – жалост; ако купувате играчки – грижа; ако правите играчки – веселба во домот.
ИДЕАЛ
ако сонувате некој свој идеал – неостварени желби.
ИЗБЕГНУВАЊЕ
ако на сон нешто избегнувате – ќе имате непријатна средба.
ИЗВОР
големи поволни промени во животот; ако пиете вода од извор – оздравување, здравје; ако се бањате во извор – непријатности; пресушен или матен извор – болест / несреќа; студен извор – среќно и пријатно патување; бистар извор – изобилство, здравје и радост.
ИЗГОВОР
ќе ве фатат во лага, непријатности; лажен изговор – ќе бидете излажани.
ИЗЛЕТ
пазете се од лажните пријатели.
ИЗЛОГ
нескромноста може да ви наштети.
ИЗЛОЖБА
бидете поскромни ако сакате да постигнете успех / почитување во околината во која живеете.
ИЗМАМА
ако некого измамите на сон – на јаве ќе откриете нечија измама.
ИЗНАЈМУВАЊЕ СТАН
влошување на животните услови.
ИЗНЕНАДУВАЊЕ
ако на сон се изненадите – без да сакате ќе издадете некоја тајна; ако некој друг е изненаден – ќе ви се исполнат интимните желби.
ИЗУМ
ако на сон нешто изумите – ќе откриете некоја тајна.
ИКАЊЕ
ако на сон икате – ќе доживеете некое понижување.
ИКОНА
грижи; ако ја ставите на ѕид – чест, среќен брак; ако ја симнувате од ѕид – смрт.
ИЛЈАДА (БРОЈ)
голем успех.
ИМЕ
ако го видите напишано своето име – ќе ве вовлечат во кавга; ако сами го напишете или пак го чуете своето име – ќе чуете добра вест; ако настапувате под лажно име – некој пријател ќе ве излаже.
ИМИТИРАЊЕ
aко на сон имитирате некого – успешен крај на некоја раработа.
ИМОТ
ако наследите имот – среќна женидба/мажачка; ако добиете имот како подарок – ќе ви се зголеми семејството; ако купите имот – трошењето без мерка ќе ве доведе до пропаст; ако го изгубите имотот – лоши вести; ако го продадете имотот – некој ве поткраднува.
ИНВАЛИД
ако видите инвалид – незгода / ќе се покаете поради својата непромисленост; ако на сон станете инвалид – во најскора иднина ќе се смирите и ќе бидете задоволни иако можете при тоа да ја изгубите својата самостојност; ако му помагате на некој инвалид – ќе направите добро дело; ако му наштетите на некој инвалид – ќе направите лошо дело.
ИНДИЈАНЕЦ
авантура.
ИНЖЕНЕР
ако бидете разумни и претпазливи ќе ги оставарите своите намери.
ИНКА
треба да бидете поштедливи.
ИНСЕКТИ
загуба, неуспех во работата.
ИНСТРУМЕНТ
хируршки инстурменти – доаѓаат тешки времиња; музички инструменти – опасност, несреќен случај.
ИНТЕРНАТ
ќе добиете покана за некоја свеченост.
ИСКАЧУВАЊЕ
ако се искачувате низ брег или по скали – сигурно ќе стигнете до целта.
ИСКОПУВАЊЕ
ако ископувате мртовец – неизвесна иднина; ако ископувате вредности (богатство) – сиромаштија; ако ископувате безвредности – залудна работа; ако ископувате корења – еден погрешен потег ќе ве доведе до неуспех.
ИСКРВАВУВАЊЕ
ако на сон искрвавите – ќе пртрпите загуба.
ИСКРА
добивка.
ИСПИТ
ако на сон полагате испит – ќе доживеете професионален успех, но со големи напори.
ИСПЛАЌАЊЕ
ќе решите некоја сериозна грижа / кавга со пријателите.
ИСПОВЕД
лошо расположение, грижи во скора иднина.
ИСПОВЕДНИЦА
ќе ве издаде или ќе ве излаже некој кој ви е близок.
ИСТРЕЛ
ако чуете истрел – непријатности.
ИТАЛИЈА
доаѓаат денови полни со задоволство.