ШАБЛОН (КАЛАП)
ќе бидете или нерешителни или неспособни да остварите некоја своја намера.
ШАЈКА
ако најдете шајка – ќе ви се исполнат желбите; ако ковате шајки – ќе донесете вистинска одлука; долга шајка – долг живот; многу шајки – подобрување на ситуацијата; ако вадите шајки од нешто – ќе чуете некоја тајна; стара, ‘рѓосана шајка – домот ви е во опасност.
ШАЛ
несреќа.
ШАМАК
успех на сите полиња.
ШАМИЈА
види – МАРАМА
ШАМПАЊ
непостојана среќа; ако пиете шампањ – трошите повеќе пари отколку што заработувате.
ШАМПИЊОНИ
внимавајте при изборот на брачен партнер; ако ги јадете – ќе бидете пофалени.
ШАНК
многу ќе ви ветуваат, а малку ќе исполнат.
ШАПКА
види – ШЕШИР
ШАПКАР
вложувате напор во нешто што нема да ви донесе никаква корист.
ШАРЛАХ (БОЛЕСТ)
кавга.
ШАТОР
ќе живеете како уличар.
ШАХ
ако играте шах – добри планови, но со несигурен крај; ако на сон учите да играте шах – моменталната желба нема да ви се оствари; ако гледате како други играат шах – не мешајте се во туѓите неволји.
ШАХОВСКА ТАБЛА
задоволство и смирување.
ШАХОВСКИ ФИГУРИ
се уште е далечен патот до потполниот успех.
ШЕБОЈ
пазете се од непотребни трошоци.
ШЕГУВАЊЕ
пријатни моменти; ако слушате како некој се шегува – жалост; ако се шегувате на туѓа сметка – со своите постапки ќе си создадете непријатели.
ШЕПА
шепа од кое било животно – ќе ве примораат да направите нешто против своја волја.
ШЕПОТЕЊЕ
ако шепотите со некого – лошо влијаете врз луѓето; ако шепотите со саканото лице – разочарување.
ШЕСТАР
непријатности од кои тешко ќе се извлечете.
ШЕТАЊЕ
ако шетате сами – среќа и радост; ако шетате со други – проблеми во работата.
ШЕЌЕР
ако јадете шеќер – многу ви ласкаат; ако купувате шеќер – добар живот; ако добиете шеќер – некој ве сака, а вие не знаете.
ШЕЌЕРАНА
ќе добиете покана за свеченост.
ШЕФ
ако го видите или разговарате со него – ќе ја смените професијата или работното место.
ШЕШИР
нов шешир – углед; стар шешир – губење на угледот; ако ветар ви го однесе шеширот – во последен моменет ќе ви избега некоја добивка; ако го чистите – ќе претрпите штета; шешир на глава – патување; шешир на туѓа глава – грижи; цилиндер – незгодни вести.
ШИЕЊЕ
добро вработување; ако се боцнете со игла при шиење – ќе дознаете за нечија свадба; ако ви подарат прибор за шиење – од срце ќе се израдувате на нешто; ако го изгубите приборот за шиење – љубовни јадови; машина за шиење – брз развој на некои настани.
ШИЛО
пазете се од моќта на својот противник / трудот ќе ви исплати.
ШИМПАНЗО
ве очекува омраза и завист.
ШИПКИ
ако берете зрели шипки – ќе стекнете нечија наклоност; ако берете незрели шипки – непријатности поради озборување; ако јадете шипки – ќе ви се восхитува околината.
ШИШАРКА
неочекувана среќа / брак со имашлив партнер.
ШИШЕ
празно шише – немаштија; шише полно со нешто – ќе ве озборуваат; шише полно со вино – богатство; скршено шише – сиромаштија и болест; големо шише – долгови; мало шише – големо изненадување.
ШКАФ
се наоѓате пред некоја тајна; ако на шкафот има клуч – тајната ќе биде откриена; отворен шкаф – не знаете да ги чувате своите тајни; многу шкафови – подобра иднина.
ШКОЛКА
празна школка – празна среќа; полна школка – многу среќа; ако ја најдете – непријатности од кои ќе се извлечете со тешки маки.
ШЛАКАНИЦА
ако удрите некому шлаканица – лага; ако примите шлаканица – се дружите со лошо друштво.
ШЛЕМ
ќе најдете моќен заштитник.
ШМИНКА
сте се отуѓиле од луѓето.
ШОЛЈА
углед и задоволство; ако на сон купувате шолја – ќе добиете покана за на гости; ако скршите шолја – одрекување од љубовта / неспретен потфат; ако добиете шолја како подарок – ќе сретнете верни пријатели; ако подарите некому шолја – радо сте видени во друштво; ако пиете од шолја – среќа во љубовта.
ШОФЕР
ќе ви се исполнат некои желби и надежи.
ШПИОН
ќе извршувате некои одговорни должности / вашиот срам ќе излезе на виделина.
ШТАВЕЊЕ КОЖА
ако вие штавите кожа – ќе морате да прифатите некоја непријатна работа; ако гледате како други штават кожа – ќе избегнете непријатна работа.
ШТАЛА
ако видите штала или се најдете внатре – ќе решите некои проблеми; ако е празна – лага; ако внатре има коњ – радост; ако има говеда – благосостојба.
ШТЕДЕЊЕ
успех на сите подрачја.
ШТЕДНА КНИШКА
некому ќе позајмите пари.
ШТЕТА
ако на сон претрпите штета – деловен успех.
ШТИПЕЊЕ
ако штипете некого – непријатности; ако некој вас ве штипе – непријатности и расправии.
ШТИТ
непријателите чекаат да згрешите.
ШТИЦА
ако сечете штици – смрт на некое блиско лице.
ШТРК
среќен брак; ако лета – неуспех во некој погфат.
ШТУРЕЦ
ако на сон чуете штурец – имате пријатели за кои и не знаете.
ШУГА
ако на сон имате шуга – треба да го поправите своето однесување кон другите; ако друг има шуга – добивка.
ШУМ
шумолење на вода – непријатности на патување; шумолење на ветар – не карајте се за ситници.
ШУМА
веселба; ако одите низ шума – наследство; гола шума – многу работа; шума во пламен – несреќа; зелена шума – среќа; мрачна шума – несреќа, тага; исечена шума – неуспех; борова шума – големо изненадување; букова шума – голема добивка.
ШУМАР
углед и задоволство, но може да значи и опасност.
ШУМАРСКА КУЌА
ќе наидете на добар прием кај непознати луѓе.
ШУНКА
покана за на гости; ако јадете шунка – незадоволство, влошување на ситуацијата; расипана шунка – озборување; ако готвите шунка – интриги; ако сечете шунка – ќе обавувате некоја бескорисна работа; ако купувате шунка – раздор и кавги во домот.
ШУПЛИНА
ако се наоѓате во некаква шуплина и не можете да излезете – ве очекуваат тешки грижи и јад.