Jodie Foster изјави дека повеќе не е во врска со Cydney Bernard. Иако прекинот на врската тешко го поднела, сепак се чувствувала посилна и среќна што е повторно слободна.
Има три работи во животот кои му се случуваат на секого, а се многу болни. Тоа се: смрт на некој од родителите, заминувањето на децата кога ќе пораснат и прекин на долга врска, изјавила Jodie.
Но сега сум навистина добро, ми требаше малку време да го прифатам она што се случува. Сега ќе се посветам на чувањето на мојата мајка која болдедува од деменција. Сакам јас да бидам последниот лик кој таа ќе го види пред својата смрт, изјавила 48 годишната актерка.