“Козлодој“ моментно не е сериозна закана

popara29 април, 20111min00
ET011409_Bulgaria

Опасноста од радијација во бугарската нуклеарка “Козлодој“ е означена со нула на скалата од седум степени опасност.
Во “Козлодој“ не е забележано зголемување на радијацијата, откако завчера бил затворен петтиот реактор, бидејќи инженерите го тврделе спротивното. Според зборовите на извршниот директор на електраната, Костадин Димитров, радијацијата не е зголемена ниту на просторот на нуклеарката , ниту на областа околу истата.
Нуклеарката е составена од шест реактори од кои првите два се исклучени во 2005 година, а третиот и четвртиот непосредно пред влезот на Бугарија во ЕУ во 2007 година. Во функција останале двата најмодерни реактори , стари 37 години, кои се изградени во 1987 и 1991 година, а модернизирани се десет години подоцна.
Петтиот и шестиот реактор на бугарската нуклеарка имаат јачина од по 1,000 мегавати и се од поново руско производство и според зборовите на експертите не претставуваат опасност.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag