Откако скапите лекции за поправање лошиот изговор на англискиот јазик не се исплателе, актерката Софија Вергара морала да научи да живее со својот моќен колумбиски акцент.
Ѕвездата од серијата “Модерно семејство”имала голема желба да го промени својот изговор и се надевала дека би можела да звучи повеќе “мексикански”, како Селма Хајек или “шпански”како Пенелопе Круз, но целиот нејзин обид бил неуспешен.
“Кога се преселив во Лос Анџелес и почнав да се занимавам со актерството изнајмив скап инструктор за говор. Поминав часови и часови вежбајќи, но поголемиот дел од парите отидоа во неповрат. Станав дури и полоша”, изјавила Софија Вергара.