Сите ние сакаме да јадеме торти и колачи во неограничени количини, а при тоа да не се дебелееме. Би било убаво кога ќе јадеме кога сакаме и колку сакаме, а при тоа не се грижиме дали ќе покачиме некој килограм повеќе. Но, пред навистина да го посакате тоа треба да знаете едно ново откритие.
Американските научници направиле една студија над 600 волонтери и дошле до заклучок дека луѓето со побрз метаболизам живеат пократко.
Тоа го објаснуваат со фактот дека брзиот метаболизам исто така го забрзува и процесот на стареење. Daily Mail обајви дека луѓето кои побрзо ги согоруваат калориите живеат значително пократко од оние кои полека ја претвараат храната во енергија.