Лажниот лекар Реџиналд Гил (77) ги мамел жените кои боледуваат од рак на дојката и сексуално ги искористувал.
Лажниот доктор кој е во инвалидска количка, ги мамел жените кои боледуваат од рак на дојка и ги убедувал дека може да ги излечи доколку секој ден по 30 минути им ги цица градите. Тој и викал на жените дека во војска бил доктор, а сега со својата жена Лејла (35) се занимавале со алтернативна медицина.
Поради ова дело Гил бил осуден на осум години затвор. Обвинет бил за девет сексуални напади и две измами, а неговата жена Лејла е осудена на шест месеци затвор.