Експертите за секс ги повикале жителите на Хонг Конг да ја променат репутацијата за сексуално најнеактивни луѓе во светот.
„Луѓето велат дека жителите на Хонг Конг имаат најмалку сексуално знаење. Една од причините е тоа што немаат каде да водат љубов“, изјавиле од Семејниот институт на Универзитетот во Хонг конг.
Финансискиот притисок, давање приоритет на кариерата и недостаток на простор се главните причини поради ниското ниво на плодност. Младите во Хонг Конг често остануваат да живеат со своите родители и до триесеттите години, бидејќи немаат пари да се преселат сами и да формираат свое семејство.
Според истражувањето спроведено во 2011 година двојките во Хонг Конг имаат сексуални односи помалку од два пати неделно.