По официјалната потврда дека познатиот пар, супермоделот Хајди Клум и пејачот Сил се раведуваат, не беше потребно многу време за во неговиот живот да се појави нова жена.
Додека Хајди во Лос Анџелес се обидувала да ги забавува децата во паркот, на другиот крај на светот Сил се забавувал со атрактивната 22 години помлада австралиска пејачка Делта Годрем (27). Новопечената двојка е забележана во Мелбурн на црвениот тепих за време на доделувањето Logie awards.
Сил само пред неколку дена поднесе официјално барање за развод, откако Хајди наводно не му го простила неверството. Новата девојка на Сил исто така позади себе има еден пропаднат брак.