За жал не станува збор за филм во кој Бар Рафаели се бакнува со секси стјуардеса, туку за непријатно “пипкање“ кое бразилската манекенка го доживеа на аеродромот во Лондон.
Се чини дека една од вработените на аеродромот малку се занела кога ја видела убавата манекенка, па додека поминувала низ рендгенот почнала да ја допира, а на поранешната девојка на Леонардо ди Каприо ваквото однесување воопшто не и се допаднало.
По непријатното искуство, бесената Бар напиша на Твитер: “Вработена на аеродромот почна да ме допира, а тоа за мене беше навистина непријатно”.