После Џорџ Клуни, само Ситво, ѕвездата од MTV серијалот “Jackass“.
Стиво (37 годишен) ја прекина тримесечната врска со преубавата Елизабет Каналис (33 години), “поради нејзиниот начин на живот”.
Иако е познат како еден од “најлудите” учесниците во “Jackass”, Стиво извесен период има поминато во ментална здравствена установа за депресија и поради ненадејните промени на расположението, поради што започнале да му пречат континуираните излегувања со Елизабет и начинот на живот кој може лошо да влијае на него.
“Стиво е сериозен во својата намера да не пие и да не го загрози своето здравје”, изјави анонимен извор за веќе екс-момче на Елизабет.
“Иако тие ја прекинаа врската, тој сеуште ја сака и почитува и се грижи за неа, но одлучи дека ќе биде подобро да не се заедно”.