Северина Вучковиќ во саботата наполни 40 години. Милам Поповиќ ја однел на вечера во еден ресторан во Белград, каде работи омилениот готвач на пејачката. Журката изостанала поради тоа што за малиот Александар не обезбедиле дадилка и не можеле да останат надвор од дома цела ноќ. Затоа големата забава ќе ја направат за некој месец и тоа во Белград, а Севе наскоро од сопругот би требало да добие и роденденски подарок, бидејќи тој и подготвува вистинско изненадување.
Но, да не биде дека ништо не и подарил, тој околу вратот и закачил ѓердан од бело злато, кој е дел од неговиот семеен накит. Како што дознаваме, Севе планира во текот на неделата да замине на неколку дена во Сплит, па повторно се враќа во српската престолнина.