Министерот за надворешни работи на Казакстан се заблагодарил на комичарот Борат за големата туристичка реклама.
„Благодарен сум му на Борат затоа што се повеќе туристи се интересираат за Казакстан. Откако се појави тој филм бројот на визи издадени за Казакстан се зголеми за десет пати“, изјавил министерот за локалните медиуми.
Дистрибуцијата на филмот прво беше забранета во Казакстан, а властите го блокирале пристапот до веб сајтот на Саша Барон Коен.
Сепак, казакстанскиот претседател оценил дека подобро е да се смеат на филмот и изнел мислење дека таа комедија може да поттикне интерес за таа земја.
httpv://www.youtube.com/watch?v=WH2CABcffAo