Откако Марија Џитер тврдеше дека родила дете на Џастин Бибер, што се покажа како неточно, младиот пејач и посветил песна.
“Напишав песна за неа. Зборуваше дека родила мое дете. Имам неколку песни кои зборуваат за тоа како се чувствував кога овие гласини се проширија во јавноста и додека сетоа тоа траеше”, изјавил 18 годишниот пејач.
Додал дека песната ќе ја објави на идниот албум “Believe”.
Да се потсетиме, Марија тврдеше дека детето кое го родила е на Цастин, а дека лаже утврдил ДНК тестот. Подоцна признала дека татко на детето е нејзиниот поранешен дечко.