Обама: Убиен Бин Ладен

popara2 мај, 20111min00
110209_osama_bin_laden_ap_328

Американскиот претседател Барак Обама објави рано утринава по средноевропско време дека најбараниот терорист на светот, водачот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, е убиен во неделата во Пакистан.

Во невообичаеното обраќање кон нацијата, Обама изјавил дека мала група на Американци го убиле Бин Ладен во еден објект во Пакистан и дошле во посед на неговото тело.

На семејствата и пријателите на погинатите во терористичките напади на 11. септември 2011. година, зад кои стоеше Бин Ладен, американскиот претседател им порача: “Правдата е извршена”.

Тој рекол дека Американците до местото каде се криел Бин Ладен ги довела соработката со Пакистан.

“Неговата загуба треба да ги поздрави сите кои веруваат во мир и достоинство.” рекол Обама, кој нагласил дека мора да се знае дека “САД не се и никогаш нема да бидат во војна со исламот”.

Според неговите зборови,Бин Ладен беше “лидер и симбол” кој продолжуваше да ‘готви завери’ против САД, но неговата смрт “не е крај на нашите напори”, бидејќи Ал Каеда ќе ја продолжи својата борба против Америка.

Обама истовремено ги повика Американците да го обноват чувството на единство кое постоеше 11. септември 2001. година.

На најавата на веста за убиството на Бин Ладен, пред Белата куќа се собраа неколку стотици граѓани, со американски знамиња кои извикувале “Ју Ес Еј” и ја пееле американската химна.

Осаму бин Ладена, водачот на терористичката мрежа на Ал Каеда и организатор на нападите на Њујорк и Вашингтон на 11. септември, во кои погинаа најмалку 3.000 луѓе, е убиен во пакистанскиот град Аботабад, 100 километри од Исламабад, од страна здружените американски и пакистански сили, соопштија денеска пакистански официјални безбедносни лица.

Како што е соопштено, Бин Ладен е убиен во напад на четири хеликоптери во квартот Билал на Аботабад.
Висок претставник на пакистанските безбедносни служби потврдил за “Ројтерс” дека Бин Ладен е убиен, а официјални лица во Пешавар изјавил дека заедничката операција ја извеле ЦИА и пакистанските безбедносни служби.
Медиумите пренесуваат дека Бин Ладен живеел во релативно луксузен дел од градот, во близина на Исламабад.
Аналитичарите сметаат дека со фактот што лидерот на Ал Каеда е убиен во заедничка операција намалена е штетата на наметнатиот имиџ на Пакистан.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag