
Мексиканката Карла Ванеса Перез се лечела од неплодност и сега носи дури девет бебиња, шест девојчиња и три момчиња, пренесоа мексиканските медиуми.
Перез моментално се наоѓа под лекарски надзор , а не е објавен податокот колку години има жената.
Државната агенција Нотимекс пренела дека жената треба да се породи на 20 мај.
„Премногу е рано да размислувам за имињата на бебињата. Пред се, се надевам дека дека породувањето ќе помине во најдобар ред“, изјавила Перез.
Доколку жената ги роди успешно сите девет деца, тоа ќе биде рекорд. Една жена од Калифорнија во 2009 година роди осум деца и предизвика огромно внимание во светските медиуми.