Интерпол: Опасност за тероризам по убиството на Бин Ладен

popara2 мај, 20111min00
t1larg.demonstration.afp.gi
Меѓународната полициска организација Интерпол предупреди на “опасност од зголемен тероризам“ по убиството на лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен, и ги повика нејзините земји членки на “зголемена внимателност“.
Во соопштението на Интерпол се наведува дека смртта на Бин Ладен создала “опасност од зголемено ниво на тероризам од страна на Ал Каеда или други терористи слични на групата“.
“Најбараниот терорист на светот не е повеќе меѓу нас, но неговата смрт не претставува исчезнување на групите кои се дел од Ал Каеда или организациите кои се инспирирани од истата и кои продолжуваат да се вклучуваат во терористички напади ширум светот“, изјавил генералниот секретар на Интерпол Роналд Нобл.
Тој истакнал дека мора да останат концентрирани и обединети во соработката која ја започнале, не само против една светска закана туку против продолжувањето на тероризмот од страна на неколку групи.
Претседателот на САД Барак Обама соопшти утрово дека лидерот на Ал каеда Осама Бин Ладен бил убиен во Пакистан.
Покрај Бин Ладен, во нападот загинаа и тројца мажи меѓу кои и неговиот син, како и една жена.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag