Cliff Palace – Старата и огромна населба која се наоѓа во карпа

popara2 мај, 20122min00
uj09

Ова место е изградено од страна на припадниците на древниот народ Pueblo, кој се наоѓа на подрачјето на денешниот национален парк Меса Верде, во југозападниот дел на американската држава Колорадо.

Cliff Palace содржи 23 „ кивас “, округли простории кои биле користени за церемонијални потреби. Постои „ кива “ која се наоѓа во средината, а нема ни врати ни прозорци. Ѕидовите на едната страна се обоени во една, а на другата страна, во друга боја. Археолозите веруваат дека Cliff Palace содржел две различни заедници, односно дека „кивата“ која се наоѓала во средина имала цел – нивна интеграција.

Датирањето преку готовите, кажува дека Cliff Palace се градел и доградувал од 1190 до 1260 година, иако најголем  дел бил завршен за дваесет години. Cliff Palace е напуштен во 1300 година, а една од причините е сушата која трајно ја пореметила исхраната на населението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag