Седумгодишната Оливија Бинфилд од Кент со својот настап на британското телевизиско шоу за таленти, ја шокираше публиката и жирито, кога со благослов од родителите на сцена се појави со два метри долга змија околу вратот.
Симпатичното девојче се појави на сцената во црн фустан со змија околу вратот, а на жирито му открила дека сака да се бави со зоологија, односно проучување на животните.