Легендарниот инвеститор Ворен Бафет, познат како и „пророкот од Омаха”, изјавил дека не би вложувал во Facebook и Google бидејќи не може да ја одреди вредноста на тие компании.
Бафет за американската ТВ мрежа CNBC изјави дека не би ги купувал акциите на Facebook и Google бидејќи не може да процени како тие компании ќе работат во иднината. Иако Бафет е познат по тоа дека ретко вложува во акции на технолошки компании, го изненади вложувачкиот свет минатата година кога вложи 10,7 милијарди долари во акциите на IBM.
Google е јавна компанија уште од 2004, а од тогаш, и покрај економската криза, вредноста на акциите значително пораснала. Facebook тек треба да излезе на берзата и тоа ќе се случи на 18. мај оваа година. Но, Бафет нема да стои во редот за купување, помеѓу останатото затоа што не сака да вложува во IPO (initial public offering) бидејќи смета дека јавните понуди скоро секогаш се лоша инвестиција.
Бафет вели дека „не треба да се купува на основа на наслови во весниците, туку треба да се процени како некоја компанија ќе работи во идните десет години.”