Барселона – Реал Мадрид 1:1
Педро 54′ – Марсело 64′
Фудбалерите на Барселона ќе играат во финалето од овогодинешната Лига на Шампиони, откако на “Камп Ноу” дојдоа до реми во реванш полуфиналниот дуел со Реал Мадрид, што беше доволно за карта која води на “Вембли”.
Реал од самиот почеток почна особено агресивно и со особено високо поставбени линии кои ја нападнаа Барса уште пред нејзниот казнен простор. Тоа во првото полувреме не донесе резултат, додека Касиљас на два пати мораше добро да интервенира за да спречи погодоци на Каталонците од контранапад.
Веќе на почетокот од вториот дел спорен момент. Роналдо во продорот беше соборен, но успеаа да ја испати топката до Игуаин кој ја затресе мрежата, но судијата Де Блекер од нејасни причини го поништи овој погодок. Роналдо при падот го закачи и Маскерано кој трчаше по Игуаин, но тоа беше прекршок над Роналдо или предност за Реал – прекршок од играчот на Реал никако не смееше да биде досуден.
Разочараните Мадридѓани допрва ќе се жалат дека против УЕФА не се може, па резигнирано го продолжија мечот но ги стигна казната по само неколку минути, кога Иниеста идеално го вработи Педро кој излета сам пред Касиљас и го совлада. Десет минути подоцна возврати Реал откако Ди Мариа ја погоди стативата, за топката повторно да дојде до него, па да ја испрати по средина до Марселона кој прецизно шутираше.
Остатокот од мечот мина во неспостски дуели на теренот, каде секој прекршок на играчите на Реал беше санкциониран, додека бројните напади на “кралскиот клуб” беа запирани со прекршоци од Каталонците на кои Франк де Блекер остана нем.