Моите стандарди се многу високи. Се надевам дека ќе најдам некој висок, црн, згоден милионер, изјавила кабаре пејачката Пем Шо.
Пем Шо (70), кабаре пејачка, решила да ја загуби невиноста. Единствено што е необично во целата приказна се нејзините години. Таа изјавила дека не нашла некој соодветен на кого може целосно да му се предаде, бидејќи била окупирана со работата.
Пем била доследна и не верувала во сексот пред брак и никогаш не се венчала, но сега изјавила дека дошло време.
„Подготвена сум. Ќе се обидам да го најдам вистинскиот. моите стандарди се многу високи. Никогаш не сте стари за било што. Ќе се обидам да се венчам и да спијам со маж“, изјавила Пем.
„Имам 70 години, но сум млада во срцето. Луѓето не веруваат дека имам толку години. Мислам дека изгледам одлично. Забавна сум и имам многу енергија“, додала за крај Пем Шо.