Многу жени мечтаат за својата венчавка, за тоа како ќе изгледа церемонијата како и за тоа во каков фустан ќе се појават пред избраникот на своето срце.Така и Сузан Еман,жена која во моментов има 380 килограми е на пат да го оствари својот сон да стане најдебелата жена во светот.
Таа освен што треба да пронајде и венчаница која ќе ја собере, сака и да биде во посебна боја.
-Би сакала мојата венчаница да виде во бела боја но не целосно бела бидејќи сум сигурна дека ќе истурам нешто на неа-рекла Сузан
Сузан моментално се труди да биде најдебела жена во светот и да го надмине рекордот кој сега го држи Розали Братфорд која умрела во 2006 а имала нешто повеќе од 540 килограми.Енергетската вредност на дневниот оброк на Сузан во просек изнесува околу 30 000 калории.
Секако дека до остварување на нејзиниот сон Сузан ја следи Паркер Кларк(35) кој го запознала преку интернет а работи како готвач.
-Тој е прекрасен,обожава да готви.Тој ми помага да го остварам мојот сон а и храната која ја готви е многу вкусна-вели Сузан
Со оглед на тоа дека тие наскоро ќе се венчаат, тргнаа во потрага по венчаница.Изработката на оваа венчаница е предизвик за кројачката Џуди Гоф која истакна дека ова ќе биде најголемата венчаница што ја изработила,но и видела.
Сепак Сузан и направила услуга, бидејќи барала венчаница без ракави затоа што свадбата ќе биде одржана во лето.Венчаницата која треба да и одговара на жена која сака да стане најдебела во светот треба да биде широка во струкот 2.7метри.
http://www.youtube.com/watch?v=SDYWdmiRjmg
.