Ако мислите дека многу пари, успех или добар брак на пример е она што ќе ве направи среќни, можеби треба да размислите повторно.
Истражувањата покажуваат дека ниту една од овие работи не ги прават луѓето среќни. Всушност сите докази велат дека среќата е минимално поврзана со другите луѓе или ситуациите во кои се наоѓаме. Накратко, дека среќата не можеме да ја бараме надвор од нас.
Според последната студија разведените жени, или оние кои никогаш не стапиле во брачни односи и веќе се над 60-ет годишна возраст се посреќни од омажените жени на истата возраст. Посреќни и воедно во подобра здравствена состојба.
Основната разлика е во тоа што слободните луѓе водат многу поактивен живот и имаат многу повеќе социални контакти за разлика од оние кои се во врска или брак.
Медицината пак вели дека среќата е неопходна за здравјето. Има големо влијание врз работата на срцето, имуниот систем и создава позитивни визија за животот што овозможува луѓето да се справуваат многу полесно со разочарувањето и непријатните моменти што животот неминовно ги носи.
Всушност, вистината е дека нематериалните работи ги прават луѓето среќни. Иронијата е во тоа што повеќето од нас го поминуваат времето во обидување да спечалат повеќе пари и не оставаат доволно време за вистинските работи кои навистина ги прават среќни.