Археолзите кои работеле на археолошкиот локалитет во Гватемала ги пронашле најстарите астрономски таблици на Маите.
Во археолошкиот локалитет Xultun, кој се наоѓа во Гватемала,пронајдени се првите уметнички слики на маите, насликани на сидовите на живеалиштата.
Според наодите сликите и астрономските таблици потекнуваат од раниот девети век и се стотини години постари од сите до сега пронајдени календари, пишува BBC.
Календарите на Маите станаа познати откако почна да се зборува дека тие го предвидуваат крајот на светот во 2012година.
Цивилизацијата на маите се наоѓа во Централна Америка од 2000 пред новата ера па се до падот и асимилацијата за време на шпанската колонизација во 15 век.
Рушевините во Xultun се откриени 1912 година.Во истражувачката експедиција од 1920 и 1970 година е пронајден нацрт на повеќето од зградите.
Најновите истражувања се направени на една од пирамидите која се наоѓа во Xultun.
На источниот ѕид во една соба на пирамидата се се гледа фигура на личност која седи направена во вистинска големина во црно со шешири.
Сите фигури гледаат накај северниот ѕид на кој се гледа фигура во помаранџесто, која во раката држи стап за пишување.Фигурата со рака покажува накај друга фугура за која се верува дека претставува кралот на Xultun.
Најинтересните откритија се сепак астрономските таблици, вклучувајќи и четири долги цифри кои представуваат циклус од 2,5 милиони денови.
На источниот ѕид можат да се видат многу табели со црни симболи, кои ги покажуваат астрономските циклуси Марс,Венера и Месечината.
Xultun е првото место на кое се пронајдени записи за овие циклуси поврзани со математика и кои претставуваат календар кој е повеќе од 7000 години во иднината.
Древните маи предвиделе дека светот ќе постои уште барем 7000 години.Ние секогаш го гледаме доаѓањето на крајот, маите барале гаранција дека ништо нема да се промени.Нашите менталитети во потполност се разликуваат- рекол доктор Вилијам Сатуро водич на истражувачката експедиција.