Кубанецот Хозе Кастелар го сруши светскиот рекорд во виткање цигара. Тој свитка 81,8 метри долга цигара, пренесува АР. Кастелар и неговите помошници работеа на цигарата од крајот на април, а ја завршиле вчера. Британските службеници ја потврдиле должината на цигарата, но сепак се очекува доаѓање на претставник од Гинисовата книга. Кастелар веќе еднаш се запиша во Гинисовата книга во 2008 година, кога смота цигара долга 45 метри.