На почетокот на оваа недела TechCrunch ја пренесе информацијата од неименуван извор, кој тврди дека Twitter го купил TweetDeck. Сумата за која наводно е купена изнесува 40 до 50 милиони долари (во кеш или акции). Ниту една од двете страни не дале официјални соопштенија за оваа информација, а според непотврдени информации процесот на купување треба да биде завршен во наредните десет дена.
TweetDeck е една од најпопуларните апликации за Твитер, која постои во верзии за повеќе платформи на мобилни телефони, но и за компјутери. Пред извесно време се појавиле информации дека компанијата UberMedia, сака да го купи TweetDeck, но и да лансира сопствен микроблогинг сервис, па затоа потегот на Твитер можеби е начин да го спречи купувањето од некоја друга компанија.