Австралиската полиција денеска го уапсила тинејџерот кој на концертот во Сиднеј, фрлаше јајца по поп ѕвездата Џастин Бибер. Тинејџерот упаднал на концертот на 29 април и мавал по пејачот, кој некако успеа да ги избегне јајцата. Седумнаесет годишниот тинејџер бил уапсен денес, а ќе биде обвинет за присилно влегување на концерт и повреда на правата на другите. Судењето е закажано за 2 јуни.