Иако веќе со години наназад оваа актерка изгледа исто, сепак холивудската сексипилна актерка Деми Мур, полека почна да ја губи битката со времето и гравитацијата. Нејзиното лице и врат во последно време, сепак откриваат дека таа е на прагот на своите педесет години.
Деми Мур која има 49 години, на пластични операции потрошила цело богатство, но дури ни тоа не и помогна да ги победи годините кои ја стигаат. Не дека изгледа лошо, таа одлично се држи, но фотографите на презентацијата на A&E Television Networks во Њу Јорк, успеале да фатат неколку фотки каде се приметуваат брчките на актерката.