ОБСЕ/ ОДИХР официјално ја започна набљудувачката мисија за изборите на 5 јуни

popara6 мај, 20111min00
Untitled
ОБСЕ/ ОДИХРна покана на МНР ја започна набљудувачката мисија за парламентарните избори на 5 јуни, која е составена од 12 меѓународни експерти кои ќе работат во канцеларијата во Скопје и 20 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ територијата на целата држава во текот на следната недела.
Покрај долгорочните набљудувачи ОДИХР даде препорака до земјите членки на ОБСЕ да обезбедат и 300 краткорочни набљудувачи кои ќе пристигнат во земјата неколку дена пред денот на изборите. Овие 300 набљудувачи ќе ги набљудуваат отворањето на избирачките места, гласањето,броењето на гласови  и табелирање на резултатите.
Набљудувачите ќе го анализираат изборното законодавство и ќе ги следат активностите на кампањата, работата на изборната администрација и релевантните владини тела, имплементација на релевантната легислатива, медиумското окружување и решавањето на изборните спорови. Мисијата ќе ја води Џулијан Пил Јеитс, а изборите ќе ги набљудува заедно со делегацијата на парламентарното собрание на ОБСЕ.
“Овие избори се тест на демократската зрелост и активноста на сите страни. Сите треба да ја одиграат својата улога , а нашата обврска ќе биде да набљудуваме, а не да раководиме “изјави Јеитс.
Јеитс вели дека не очекуваат потешкотии во мисијата и имаат голема верба во земјава и во се’ она што може да го постигнеме, а истакна и дека ќе ги набљудуваат и изборите на дијаспората но од Македонија.
Изјава за прелиминарните наоди и заклучоци ќе биде објавена ден по изборите, а финалниот  извештај ќе биде објавен за околу 8 недели по изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag