Xperia семејството доби две нови засилувања – Xperia мини и Xperia мини про модели, кои на пазарот треба да се појават во третиот квартал оваа година.
Се работи за Андроид уреди со процесор 1GHz, камера од 5 мега пиксели со можност за снимање видеа во HD резолуција 720p и 3 инчен екран со резолуција 320×480 пиксели.
Што се однесува до платформата, станува збор за Андроид верзијата 2.3, а Sony Ericssona посебно ја истакнуваат интеграцијата на овие уреди со Facebook.
Xperia мини, според наводите од оваа компанија, е најмалиот Андроид паметен телефон, со димензии 88x52x16mm, тежок 94 грама, додека мини про верзијата е за оние кои сакат полна qwerty тастатура. Мини про верзијата има и подолго траење на батеријата, 5 часа и 40 минути разговор или користење GPRS, а доаѓа со Office Suite пакетот и McAfee антивирус софтвер.
Маркетинг директорот на компанијата Sony Ericsson, Стив Вокер изјавил дека новите два модели се наменети за оние кои сакаат да ги користат сите погодности на Андроид и Сони во убаво дизајниран и компактен облик, лесен за користење.
Комплетната спецификација на уредите можете да ги видите на официјалниот сајт на компанијата, а цената засега не е позната.