Shakira пристигна во Белград и уште на првото утро таа се фрли на масна и калорична храна. Иако таа внимава на својата исхрана, да биде здрава изгледа не може да им одолее на српските специјалитети.
Таа веќе ја пробала пројата со полномасен кајмак, и ајвар од кој била воодушевена и побарала да си понесе една тегла.
Што се однесува на другите барања, таа била многу скромна. Познато е само дека за денот на концерот, храната ќе и ја приготвува нејзиниот личен готвач, а храната се состои од бифтек, морски плодови, зеленчук и овошје.