Јапонскиот премиер привремено се откажа од својата плата

popara10 мај, 20111min00
y
Јапонскиот премиер, Наото Кан ја презеде одговорноста за инцидентот во нуклеарната централа “Фукушима“ и најави дека до крајот на нуклеарната криза нема да зема плата за премиерската функција.
“Владата ја превзема одговорноста за својата енергетска политика“, рекол Кан на денешна прес конференција.
Како лице кое е одговорно за атомската политика на земјата тој упати извинување до граѓаните.
Директорот на ТЕПКО, операторот на “Фукушима“ најавил дека осуммина највисоки раководители од компанијата исто како и премиерот се откажале од своите плати.
Кан воедно ги повикал граѓаните да купуваат производи од регионот погоден од земјотресот и цунамито на 11. март со цел да му дадат поддршка на тамошното население.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma