Дваесетгодишно момче од Скопје по неколку дневно лекување починало од мали сипаници, соопшти Министерството за здравство.
Момчето боледувало од церебрална парализа и хронично опструктивно белодробно заболување, а малите сипаници биле дополнителен фактор за влошување на неговата здравствена состојба.
Ова е прв смртен случај на заболен од мали сипаници во земјава, од почетокот на заразата во август, лани.
Досега вкупно се пријавени 850 случаи на заболени од морбили во 21 град во земјава, од кои најголем број, односно 534 се од Скопје.
Извор: Нетпрес