Златните медали кои ги добиваат победниците на Олимпијадата во Лондон се состојат од 92,5% од сребро, 6,16% бакар и само 1,34% злато.
Исто така медалите кои ќе ги добијат олимпијците во Лондон се два пати поголеми за разлика од оние кои беа доделувани пред четри години во Пекинг.
Според Меѓународниот олимписки комитет златниот медал мора да содржи барем шест грама злато и 550 грама сребо. Златниот медал од Лондон вреди околи 400 фунти. Сребрените медали вредат околу 210 фунти, додека бронзените се 3 фунти, бидејќи истите се направени од 97% бакар, 0,5% калај и 2,5% цинк.
Последниот златен олимписки медал направен од злато е доделен во 1912 година. Од тогаш наваму се изработуваат од сребро и се позлатуваат.