Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо би можел повторно да се активира во својот поранешен клуб Коринтијанс.
Така барем тврди претседателот на Коринтијанс, Андрес Санчез, кој верува дека Роналдо наскоро, по неодамнешното пензионирање, повторно ќе истрча на терен.
“Роналдо повторно ќе игра. Не знам дали ќе настапи на три, четири или пет меча, но ќе се врати.” рекол Санчез.
Роналдо се повлече поради многубројните повреди, но и лошите односи со навивачите, кои нему и на другите играчи при една ситуација им ги уништија автомобилите.