Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Валандово и Крива Паланка, денес, во еден часот и 32 минути, регистрирале земјотрес од тетовското епицентрално подрачје, со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е почувствуван во епицентралното подрачје со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала – 1998, а во други места од западниот дел на Републиката бил почувствуван со послаб интензитет.